Линкови за пристапност

Хаос на аеродромот во Амстердам, не се продаваат билети за лет со КЛМ


Холандската авио компанија КЛМ објави дека привремено ја запира продажбата на билети за повеќето од своите летови од аеродромот во Амстердам до недела, поради тековните проблеми со преоптовареност на аеродромот предизвикани од недостиг на персонал.

Во соопштението од авиокомпанијата се вели дека презема акција за да гарантираат местата за клиентите чии летови беа откажани поради долгите безбедносни линии. Авиокомпанијата соопшти дека ограничувањата не важат за премиум резервациите.

Портпаролот на Ер Франс - КЛМ, Гери Бренд, во четвртокот рече: „КЛМ ја запира продажбата на билети за летови кои завршуваат до недела, бидејќи аеродромот не може да ги поправи безбедносните проблеми“. Амстердам е центар на КЛМ и е најголемата авиокомпанија што го опслужува аеродромот.

Аеродромот кој е еден од најпрометните аеродроми во Европа - се соочува со екстремно долги линии на патници во последниве недели поради недостигот на персонал за безбедност, како и проблемите со работата на почетокот на оваа година.

Линиите на чекање во ред се протегаат до улица, а клиентите известуваат за време на чекање до шест часа, што резултира со пропуштени летови. Медиумите наведуваат дека само во понеделникот повеќе од 500 летови биле одложени, додека над 50 биле откажани.

Претставниците на аеродромот во четвртокот рекоа дека работат на регрутирање на повеќе безбедносни персонал пред да започнат летните одмори, а исто така ќе работат и со авиокомпаниите за да гарантираат подобро планирање на летовите во текот на најпрометните недели.

Аеродромот соопшти дека е во преговори и со синдикатите за повисоки плати за безбедносниот персонал.

Некои информации за овој извештај се од новинската агенција Ројтерс.

XS
SM
MD
LG