Линкови за пристапност

Блинкен утре ќе зборува за Кина 

Оценките на Блинкен се совпаѓаат со посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Јапонија, каде што тој рече дека САД ќе бидат подготвени воено да интервенираат за да го одбранат Тајван доколку Кина го нападне демократскиот остров.

Американскиот државен секретар Aнтони Блинкен во четврток ќе има важно обраќање од Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, со фокус на односот на администрацијата на претседателот Бајден спрема Кина.

Организацијата – „Азиско општество“ ќе биде домаќин на државниот секретар Антони Блинкен за обраќањето во кое ќе ја опише политиката на администрацијата кон Народна Република Кина в четврток, се вели во соопштението на Стејт департментот. Говорот на Блинкен за односите на САД со Кина беше одложен откако секретарот беше позитивен на Ковид на 4 мај.

Оценките на Блинкен се совпаѓаат со посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Јапонија, каде што тој рече дека САД ќе бидат подготвени воено да интервенираат за да го одбранат Тајван доколку Кина го нападне демократскиот остров.

Бајден подоцна појасни дека нема промена во политиката на САД во регионот.

Кинеската комунистичка партија никогаш не владеела со Тајван, но објави суверенитет над островот со само-управувана демократија.

Кина не ја отфрли употребата на сила за да го стави Тајван под своја контрола.

XS
SM
MD
LG