Линкови за пристапност

Фајзер ќе понуди евтини лекови, вакцини за сиромашните нации


Портпаролката на компанијата Пем Ајзел рече дека само мал број од лековите и вакцините се моментално достапни во 45-те земји.
Портпаролката на компанијата Пем Ајзел рече дека само мал број од лековите и вакцините се моментално достапни во 45-те земји.

Фајзер соопшти дека ќе обезбеди речиси дваесетина производи, вклучително и нејзината најпродавана вакцина и третман за Ковид-19, по непрофитни цени во некои од најсиромашните земји во светот, објави Ројтерс.

Овој фармацевтски гигант ја објави програмата на годишниот собир на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и објави дека има за цел да ја подобри здравствената правичност во 45 земји со пониски приходи.

Најголем дел од земјите се во Африка, но на листата се и Хаити, Сирија, Камбоџа и Северна Кореја. Производите, кои се широко достапни во САД и Европската унија, вклучуваат 23 лекови и вакцини кои третираат заразни болести, некои видови на рак и ретки и воспалителни состојби.

Портпаролката на компанијата Пем Ајзел рече дека само мал број од лековите и вакцините се моментално достапни во 45-те земји.

Фајзер ќе наплатува само трошоци за производство и „минимални“ трошоци за дистрибуција, рече Ајзел. Тоа ќе биде во согласност со сите санкции и сите други важечки закони.

Производителот на лекови, исто така, планира да обезбеди помош за јавно образование, обука за давателите на здравствени услуги и управување со снабдувањето со лекови. „Она што го откривме преку пандемијата е дека снабдувањето не е доволно за да се решат проблемите што ги имаат овие земји“, рече претседателот и извршен директор на Фајзер, Алберт Бурла, во Давос.

Тој истакна дека милијарди дози од вакцината за Ковид-19 се понудени бесплатно на земјите со низок приход, главно преку американската влада.

Претходно овој месец, шефот на Светската здравствена организација го повика Фајзер да го направи својот третман Ковид-19, пошироко достапен во посиромашните земји.

XS
SM
MD
LG