ВАТИКАН, (Ројтерс) - Папата Францис денес рече дека му е „скршено срцето“ по пукањето во училиште во Тексас во кое загинаа најмалку 19 деца и двајца наставници, повикувајќи уште еднаш на поголема контрола на оружјето во САД.
Посетителите денес на плоштадот Свети Петар кои го следеа неговиот говор го поздравија неговиот апел, упатен еден ден по најголемиот немил настан во САД во речиси една деценија.
„Срцето ми е скршено од масакрот во основното училиште во Тексас. Се молам за децата и возрасните кои беа убиени и за нивните семејства. Време е да се каже „доста е“ за недискриминирачката трговија со оружје. Ајде сите да се заложиме за да не се повторат трагедии како оваа“, рече тој.
Говорејќи од Белата куќа неколку часа по пукањето, видно потресениот претседател Џо Бајден ги повика Американците да се спротивстават на политички моќното лоби за оружје, кое тој го обвини за блокирање на донесувањето на построги закони за безбедност на огненото оружје.
Во 2015-та година, Францис рече дека луѓето кои произведуваат оружје или инвестираат во индустријата за оружје се лицемери доколку истите се нарекуваат христијани.