Линкови за пристапност

Пукање во училиште во Тексас: Убиени 14 ученици и еден наставник


Четиринаесет деца и еден наставник биле убиени во пукање во основно училиште во Тексас. Информацијата ја соопшти гувернерот на Тексас, Грегори Абот, пренесува Асошиејтед прес.

Како што изјавил гувернерот, 18 годишно лице, кое е осомничено за нападот, е исто така убиено. Се верува дека бил застрелан од полицајците кои пристигнале на теренот.

Нападот се случил во училиште во гратчето Увалде, на околу 135 километри од Сан Антонио.

Според изјавите на гувернерот Абот, напаѓачот имал пиштол, а веројатно и пушка.

Нападот во Тексас се случува на помалку од две недели откако вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во Бафало, во сојузната држава Њујорк. Тогаш беа убиени 10 лица од афроамериканско потекло.

Во Увалде живеат околу 16.000 лица, а се наоѓа на околу 120 километри од границата меѓу САД и Мексико.

Извор: Асошиејтед прес

XS
SM
MD
LG