Линкови за пристапност

Филаделфија ги враќа маските во училишни згради и автобусите


Дневните пријавени случаи на Ковид – 19 во последните два месеци се зголемени за повеќе од четири пати во градот.
Дневните пријавени случаи на Ковид – 19 во последните два месеци се зголемени за повеќе од четири пати во градот.

Училишна област во североисточниот американски град Филаделфија го враќа мандатот за маски за учениците и персоналот додека се во училишни згради и автобуси.

Одлуката е заснована на зголемениот број случаи на Ковид и препораката на градот да се носи маска во затворени простории.

Родителите имаат мешани реакции на барањето за маска.

„Тоа е само непотребно и всушност ќе предизвика повеќе респираторни проблеми. Имајќи ги овие маски ќе предизвика повеќе штета отколку добро“, вели еден родител.

„Нашата ќерка носи својата маска дури и кога не беше задолжително, ѝ рековме дека може да не ја носи, но таа вели дека е добро и не се грижи за тоа. Горди сме на неа што рече дека тоа е најбезбедно за неа“, додава друг родител.

Дневните пријавени случаи на Ковид – 19 во последните два месеци се зголемени за повеќе од четири пати во градот.

Филаделфија има средно ниво на ширење во заедницата, во споредба со другите општини кои забележуваат ширење на високо ниво и каде што Центрите за контрола и превенција на болести на САД препорачуваат маски во затворени простории.

XS
SM
MD
LG