Линкови за пристапност

СОНК и Образование се договорија - зголемување на платите за 15 отсто од септември


Прифатени се и барањата на Синдикатот и на сите просветни работници кои штрајкуваа ќе им биде исплатена целосна плата. Препораките од процесот на помирување треба да поминат пред Советот на СОНК пред да се потпише спогодбата. Рокот за потпишување е десет дена



СКОПЈЕ - Учебната година ќе заврши нормално и без прекини во наставата откако СОНК и Министерството за образование (МОН) потигнаа договор на претпоследниот ден од процесот на помирување. Платите ќе се зголемат за 15 отсто со почеток од септември годинава, на сите просветѕни работнииц кои штрајкуваа ќе им бидат исплатени платите во целост а ќе бидат потпишани и колективни договори за основно и средно образование.

„Конечно ги приближивме ставовите околу барањата кои СОНК ги достави до МОН. Во препораката од преговарачот ќе стои дека платите во дејноста основно и средно образование ќе се зголемат за 15 отсто. Овој процент ќе важи и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) што беше договорено на денешната средба“, изјави претседарелот на СОНК, Јаким Неделков.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, изрази задоволство по постигнатиот договор и најави дека се договорени сите детали околу колективните договори кои треба да се потпишат во септември.

„ Исклучително сум задоволен и успешно ја закоруживме дискусијата отворена по повеќе прашња. Повисоки плати во Образование ќе има, освен порамнувањето за минимална плата. МОН и СОНК најдоа целосно разборање. Ги допрецизиравме работите околу новите колективни договори кои во следниот период треба да бидат потпишани. Со претсавниците на СОНК во секоја година понатаму заедно ќе ги разгледуваме сумите за Буџетот“, рече Шаќири .

Новина по процесот на помирување е што се воведува пракса претставници на СОНК и МОН да ги креираат Буџетите односно платите на наредната фискална година.

„Многу е важно што воведуваме на нова практика во партнерски однос меѓу СОНК и МОН во креирање на Буџет и плати за наредни години со почеток од 2023 година.На некој начин ќе бидеме коректори на инфлацијата и зголемување за минималните плати“, појасни Неделков.

Препораките од помирувачот сега треба да бидат разгледани од членството на СОНК и потоа да бидат усвоени од Советот на СОНК како највисокот синдикално телот кое потоа може да го овласти Неделков да ја потпише спогодбата. Рокот даден меѓу СОНК и МОН за потпишување е 10 дена.

Утре ќе има уште една работна средба меѓу СОНК и претсавниците на министерството за труд и социјална политика на која треба да се прецизираат деталите околу исплатата на дневниците за кадарот во градинките кој учествуваше во Генералниот штрајк.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. Владата понуди покачување од 12 отсто што беше одбиено. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор.

XS
SM
MD
LG