Линкови за пристапност

Харис и Блинкен изразија сочувство до семејството на починатиот претседател на Обединетите Арапски Емирати


Американската потпретседателка Камала Харис и државниот секретар Антони Блинкен денес изразија сочувство до семејството на починатиот претседател на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан, кој почина во петокот.

Харис и Блинкен се сретнаа со шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, полубратот на покојниот претседател, кој е нов претседател на ОАЕ и веќе влијателен моќен посредник на Блискиот Исток и пошироко.

„Потпретседателката Харис разговараше за наследството и сеќавањето на шеикот Калифа, кој беше добар пријател на Соединетите држави и доверлив партнер во повеќе администрации“, се вели во соопштението од канцеларијата на Харис. „Таа му честиташе на шеикот Мохамед за неговиот избор за претседател на ОАЕ.

По средбата, Блинкен имаше вечера со министерот за надворешни работи, шеикот Абдула Бин Зајед Ал Нахјан.

Тоа беше посета на највисоко ниво досега на администрацијата на Бајден на земјата богата со нафта, финансиски центар во регионот. Во делегацијата беа министерот за одбрана Лојд Остин, директорот на ЦИА Вилијам Барнс и претставникот за климата Џон Кери.

XS
SM
MD
LG