Линкови за пристапност

САД и ЕУ ќе ја зајакнат координацијата за снабдување со полупроводници


Франција | АФП - Соединетите држави и Европската унија планираат денес да објават заеднички напор чија цел е да се идентификуваат прекините во снабдувањето со полупроводници, како и да се спротивстават на руските дезинформации, соопштија официјални лица.

Врвни американски функционери го посетија францускиот научен центар Саклај на состанок на Советот за трговија и технологија, создаден минатата година додека Кина сè повеќе го применува своето технолошки влијание.

Американските власти признаа дека руската инвазија на Украина го прошири опсегот на Советот, но рекоа дека западниот блок сè уште гледа на конкуренцијата од Кина.

Двете страни ќе објават „систем за рано предупредување“ за прекини во снабдувањето со полупроводници, надевајќи се дека ќе избегнат прекумерна конкуренција меѓу западните сили за виталната технолошка компонента.

Индустријата страда од недостиг на компоненти за производство на чипови, за што се обвинува бумот на глобалната побарувачка за електронски производи и пандемијата.

Целта е „бидејќи и Вашингтон и Брисел сакаат да ги поттикнат инвестициите во полупроводниците во нашите земји“, изјави американска официјална претставничка, кој сакаше да остане анонимна.

САД веќе воспоставија свој систем за рано предупредување во 2021-ва година, кој ги разгледуваше синџирите на снабдување во Југоисточна Азија и „беше многу корисен за да ни помогне да ги надминеме неколкуте потенцијални исклучувања на почетокот на оваа година“, изјави таа.

Европската унија и САД, исто така, ќе објават заеднички мерки за борба против дезинформациите и хакирањето, особено од Русија, вклучително и водич за најдобри практики за сајбер безбедност за малите и средни компании и работна група за доверливи добавувачи на технологија, рече претставничката.

„Тоа не е европско прашање, туку глобално прашање“, рече таа.

XS
SM
MD
LG