Линкови за пристапност

Колку ги чинат граѓаните годишно политичките партии?


Истражувањето на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажа дека за 10 години, во периодот од 2011 до 2021 година, од државниот Буџет се исплатени 26,5 милиони евра кон политичките партии во државата. За да дојдат до Буџетски пари, помалите партии мора да коалицираат на локалните или парламентарните избори а за независните кандидати или граѓански листи речиси и да нема пари како и мандати. За финансирањето на партиите со пари од Буџет надлежните тврдат дека е начин да се намали влијанието врз партиите од поединци кои ги финансираат, нешто со што многумина не се сложуваат


СКОПЈЕ - Политичките партии во Северна Македонија имаат загарантиран и стабилен приход на пари годишно благодарение на Законот за финансирање на политички партии според кој предвидува на нивните сметки годишно да легнуваат десетици па и стотици илјади евра, пари од придонеси, акцизи, царини, даноци и казни. Со овие средства партиите слободно располагаат и должни се да достават финансиски извештај, нешто не секогаш се почитува. Кога има избори без разлика дали се локални или парламентарни , а ги има реичси секоја година, дури и рекламирањето во медиумите го плаќа државата. На партиите останува само да ги смислат слоганите и изјавите со кои ќе настапат пред гласачкиот електорат.

Според законот за финансирање на политичките партии, годишно е предвиден процент од Буџетот кој ќе се одвои за нив, а карактеристично е што тој процент во изминатите десет години се зголемил за 150 отсто. Очгледно кога станува збор за финансирањето со државни пари, партиите многу лесно ги надминуваат разликите и несогласувањата и постигнуваат договор.

Истражувањето на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажа дека за 10 години, во периодот од 2011 до 2021 година, од државниот Буџет се исплатени 26,5 милиони евра кон политичките партии во државата. Сумите кои се исплаќаат се различни од година во година и тоа се должи на измените на процентот од Буџетот кои се одвојуваат за партиите како и висината на самиот Буџет.

Па така, во 2011 година се одвојувале 0,06 отсто од Буџетот кој тогаш изнесувал 138 милијарди денари, во 2019 одина се издвојувале 0,15 отсто од Буџетот која тогаш изнесува 202 милијарди денари за со последните законски измени процентот да падне на 0,10 отсто од планираните 203 милиради буџетски денари.

По години гледано најмногу пари се исплатени во 2014 година - 53 милиони денари или 840 илјади евра а најмногу во 2019 година - 315 милиони денари или 5,1 милиони евра.

„Најзначаен удел во зголемувањето на апсолутниот износ за финансирање на политичките партии има самото зголемување од 0,06 % на 0,15 % од државниот буџет, што е зголемување од 150 % на фиксниот процент наменет за финансирање, кој почнува да се применува од 2018 година“, стои во анализата на ИРИ.

По партии гледано, најмногу пари легнале на сметката на СДСМ - 6 милиони евра, потоа е ВМРО - ДПМНЕ со 5,7 миоиони евра и ДУИ кои инкасирале речиси 3 милиони евра буџетски пари. Ова се должи на фактот што во анализираниот период ВМРО - ДПМНЕ подолго време се здржа на власт но потоа се зголеми и висината и на Буџетот и на парите кои се исплаќаат па затоа СДСМ води на оваа листа.

Според постоечките законски регулативи 30 отсто од предвидените пари се за партиите кои на последните локални или парламентарни избори освоиле најмалку 1 отсто од излезените гласачи и се делат подеднакво а 70 отсто се за партиите кои на поседните парламентарни или лоаклни избори освиле пратенички, градоначалнички или советнички мандат.

Во изминатите 10 години вкупниот број на мандати, пратеници, градоначалници и советници, се зголеми за 52 и од почетните 1.376 сега изнесува 1.428. Во анализата на ИРИ е пресметано дека мандатот најмалку чинел во 2011 година 40.698 денари - сума која се исплаќала за секој освоен мандат, а најмногу во 2019 година - 149 илјади денари.

Во 2020 и 2021 година, во екот на пандемијата со Ковид - 19 Владата најави некои измени но не ги оствари па иако недостасуваа средства за елементарни потреби сепак на партиите им се исплаќаа пари, и тоа сериозни сума од 97 односно 104 илјади денари за секој освоен мандат.

Бројките, а законската поставеност, покажуваат дека малите партии речиси и немаат шанси да се приближат до државното финансирање и затоа во секој нов изборен циклус имаме се побројни партиски коалиции а се помалку независни листи и групи на избирачи кои речиси никогаш не добиле денар од државната каса.

„ Анализирајќи ги законот и подзаконските акти се забележува исклучување од системот на финансирање на непартиските учесници кои на избори го надминуваат прагот од 1 % или освојуваат мандати. Оттука, државното финансирање е достапно само на политичките партии и коалиции, но не и на непартиски учесници на избори кои настапуваат како групи на избирачи“, заклучуваат во ИРИ.

Од 2015 година се воведува уште една ставка за финансирање на партиите, 320 илјади евра годишно се наменети за партиско истражувачките аналитички центри а исплатата почнува од 2018 година. 280 илјади евра се директно за центрите а 40 илјади евра за обука на партиски аналитичари и истражувачи. На почетокот аналитички центри имаат СДСМ, ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ а потоа се формираат и во БЕСА и Алијанса за Албанците. Досега се исплатени речиси 1,3 милиони евра за овие центри а по партии гледано најмнгу добиле во ВМРО - ДПМНЕ 365 илјади евра и СДСМ кој инкасирал 342 илјади евра.

XS
SM
MD
LG