Републиканскиот сенатор Ренд Пол го блокираше гласањето за пакетот помош за Украина од 40 милијарди долари, што ги забави напорите на САД да испорачаат поголема помош на Украина.
„Не можеме да ја спасиме Украина на штета на американската економија“, рече Пол.
Потегот на Пол го одложи гласањето за уште една недела, кога Сенатот се очекува да го изгласа законот.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека се водат преговори за ослободување на 38 војници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во замена за руски затвореници.
Во објава на Фејсбук, вицепремиерката Ирина Верешчук ги опиша разговорите како „многу тешки“.
Таа рече коментари од страна на некои политичари, новинари и јавни личности му наштетиле на преговарачкиот процес, и побара од луѓето да се воздржат „од објавување коментари за она што не го знаете“.
Вчера, пак, лидерите на Финска одобрија влез на државата во НАТО, на што Русија се закани со „сериозни воени и политички последици“.