Линкови за пристапност

СЗО: Пандемијата не е завршена никаде додека не заврши насекаде


Пандемијата е далеку од завршена, предупреди во четвртокот генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на вториот виртуелен самит на ковид предводен од САД, чиј кодомаќин беа Белизе, Германија, Индонезија и Сенегал.

„Иако пријавените смртни случаи сега се намалуваат на глобално ниво, погрешно е да се мисли дека оваа пандемија е завршена. Пандемијата не е завршена никаде додека не заврши насекаде“, рече Тедрос.

„Всушност, случаите се зголемуваат во повеќе од 70 земји. Во исто време, стапките на тестирање на глобално ниво драстично опаѓаат, што нè прави слепи за еволуцијата на вирусот“, рече шефот на СЗО. „И, речиси една милијарда луѓе во земјите со пониски приходи остануваат невакцинирани. Мора да продолжиме да ги поддржуваме сите земји да достигнат 70 отсто што е можно поскоро, со фокус на оние кои се најзагрозени“.

Во меѓувреме, првата африканска фабрика лиценцирана за производство на вакцини против ковид може наскоро да ја затвори таа производна линија, според извештајот на Њујорк Тајмс, бидејќи објектот не добил никакви нарачки.

Весникот објави дека комерцијалното производство на вакцината никогаш не започнало во Aspen Pharmacare во Јужна Африка.

Најавата кон крајот на минатата година дека вакцините за ковид-19 ќе се произведуваат во установата во Јужна Африка, откако компанијата потпиша договор со Џонсон и Џонсон, беше нашироко промовирана како решение за нееднаквиот пристап на континентот до вакцините.

Според Тајмс, установата Аспен, нема никакви нарачки во следните шест недели, нејзината производствена линија за вакцини за ковид-19 ќе мора да се затвори.

Најновиот извештај од Ресурсниот центар за коронавирус Џон Хопкинс покажува дека има повеќе од 520 милиони глобални случаи на ковид и повеќе од 6 милиони смртни случаи. Администрирани се повеќе од 11 милијарди вакцини.

XS
SM
MD
LG