Линкови за пристапност

Нема знаци за брз прекин на огнот во Украина, рече Гутереш


Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денес рече дека е јасно оти „нема непосредни шанси за мировен договор во Украина“.

Сепак тој вети дека светската организација никогаш нема да се откаже и секогаш мора да биде подготвена да направи се` што може за да стави крај на оваа „бесмислена војна“.

Говорејќи во Виена заедно со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, Гутереш им рече на новинарите дека ОН прават се` што можат за да спасат животи и да ја олеснат евакуацијата и хуманитарната помош“.

„Оваа војна нема да трае вечно“, рече Гутереш, и додаде:

„Ќе има момент во кој мировните преговори ќе бидат на маса. Ќе има момент во кој се надевам дека ќе биде можно, во согласност со повелбата на ОН и меѓународното право, да се има решение за проблемот“.

Украинските власти изјавија дека силите постигнале придобивки во туркањето на руските сили од Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање доцнавчера претпазливо понуди, како што рече, „добри вести“, велејќи дека „окупаторите постепено се туркаат подалеку“.

Русија вчера изврши ракетни напади врз Одеса, соопштија украинските власти, додека Москва се обидуваше да ги попречи критичните испораки на оружје за снабдување во Украина во 11-та недела од жестоката војна.

XS
SM
MD
LG