Линкови за пристапност

Арапската лига, НАТО и Интерпол разговараат за заканата од Исламската држава


Официјални лица од 85 земји и неколку организации денес го одржуваат првиот министерски состанок на  Глобалната коалиција за пораз на ИСИС во Африка
Официјални лица од 85 земји и неколку организации денес го одржуваат првиот министерски состанок на  Глобалната коалиција за пораз на ИСИС во Африка

Во сенка на руската војна во Украина, заканата од Исламската држава повторно излезе на глобалната сцена.

Официјални лица од 85 земји и неколку организации, вклучително и Арапската лига, НАТО и Интерпол се во Маракеш, Мароко, денес го одржуваат првиот министерски состанок на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС во Африка.

Со Мароко и САД како едни од домаќините, состанокот ќе се фокусира на „начините за одржување притисок врз ИСИС на глобално ниво“.

Американскиот официјален претставник Даг Хојт, кој зборуваше за Гласот на Америка пред денешниот состанок, рече дека голем дел од фокусот ќе биде на Африка, каде што е позната и заканата од Исламска држава.

„Тоа е многу сериозна закана“, рече тој, додавајќи дека станува збор за илјадници борци.

„Највознемирувачки се соработниците на ИСИС кои моментално се активни на субсахарскиот континент, затоа што бројките се извонредни, а имаат и многу територија за маневрирање“, рече тој.

XS
SM
MD
LG