Првата дама на САД Џил Бајден се сретна со украинската прва дама Олена Зеленска вчера во западна Украина.
Тие заедно посетија училиште во Ужхород, во кое моментално се сместени 163 раселени Украинци, меѓу кои 47 деца.
Патувањето на Џил Бајден не беше најавено, и таа е последна Американка од висок профил што влезе во Украина за време на нејзиниот десетнеделен конфликт со Русија.
Бајден рече дека смета оти е важно „ да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане, дека оваа војна е брутална и народот на САД стои со народот на Украина“.
Зеленска ѝ се заблагодари на Бајден за нејзиниот „храбар потег“.
Џил Бајден денес се сретна со словачката претседателка Зузана Капутова за да разговара за, како што рече, „поддршката што САД ја имаат за народот на Словачка и Украина и како стоиме заедно во помагањето на украинскиот народ“.
Бајден напиша во книгата за гости дека САД и Словачка делат „заедничка посветеност да им помогнат на оние на кои им е најпотребна помош“.
Претходно во Украина беше и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и други членови на Конгресот, како и државниот секретар на САД Антони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кои се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски во Киев.