Линкови за пристапност

Договор нема, СОНК и МОН продолжуваат со преговори уште 10 дена


Во првиот законски рок од 10 дена за помирување, имаше четири средби вклучувајчи ја и последната која се одржа попладнево. Преговорите имаат „нагорна линија“ тврдат двете страни, усвоена е Препорака по која преговорите треба да се движат и во наредните 10 дена а во кои треба да се договори покачувањето на платите во основното и средното образование и роковите за потпишување на колективни договори. Доколку договор не се постигне генералниот штрајк повторно стапува на сила




СКОПЈЕ - Првиот законски рок од 10 дена за постигнување на договор меѓу СОНК и Министерството за образование (МОН) по пат на помирување и со медијатор истече денеска а договор меѓу двете страни нема. Од утре тече вториот зкаонски рок од 10 дена во која Синдикатот и министерството ќе мора да ги испеглаат разликите и да постигнат договор а со тоа да се избегне евентуалното реактивирање на Генералниот штрајк и дополнително комплицирање на и онака комплицираната учебна година поради прекините во наставата.

На денешната он лајн средба било заклучено дека процесот на помирување и преговорите мора да продолжат и во наредните 10 дена бидејќи на двете страни, СОНК и МОН; им е потребно повеќе време.

„На средбата неминовен беше заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор иамаат потреба од поголем временски период од 10 дена под покровителство на назначениот помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решавање на работни спорови со оглед на фактот што преговорите се движат во нагорна линија“, стои во соопштението на СОНК.

Средбата забврши со изготвена Препорака како треба да продолжат разговорите и преговорите со цел да не се почнува одново туку да се продолжи од онаа точка од каде што е постигната согласност.

„На денешните преговори, двете страни ја утврдија содржината на Препорараката, според која, продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН за уште 10 дена во врска со точките кои се предмет на преговори согласно Одлуката за организирање на штрајк. Со оваа Препорака, предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование со порастот на минималната пката на национално ниво и да се дефинираат крајни рокови за потпишување на колективни договори“, објаснија од СОНК.

СОНК бара покачување на платите за 18,4 отсто но и што е побитно колективни договори за просветните работници со кои ќе им биде гарантирана исплата за регрес за годишен одмор односно К-15 како и надоместоци за патни трошоци. Покрај тоа барањата на синдикалците се и скалесто покачување на платите во наредните три фискални години.

Владата, понуди покачување на платите од 12 отсто, почнувајќи од месец јули по ребалас на Буџетот но тоа беше одбиено од Синдикатот.

Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април и траеше до 28 април кога поради барањето на МОН за мирно решавање на спорот со помирувач мораше да биде ставен во мирување бидејќи така пропишуваат законските регулативи. Одлуката за ставање во мирување на штрајкот предизвика нездоволство кај дел од членовите на СОНК.

XS
SM
MD
LG