Линкови за пристапност

Во обид да ја намали енергетската зависност, Европа ќе произведува биогас


Франција (АП) - Југозападно од Париз, земјоделците се приклучуваат во борбата на Европа да се ослободи од рускиот гас.

Тие наскоро ќе ја отворат чешмата на нов објект каде што земјоделските култури и отпадот се пасираат и ферментираат за да се произведе „биогас“. Тоа е меѓу енергетските решенија што се промовираат на континентот што сака да го задуши финансирањето на руската војна во Украина со тоа што повеќе нема да плаќа милијарди евра за руските фосилни горива.

Малите рурални гасни постројки кои обезбедуваат енергија за стотици или илјадници домови во близина нема - барем не во скоро време - да ги заменат огромните текови на руски гас во Европа што ги напојува економиите, фабриките, деловните субјекти и домовите. Критичарите на користењето на земјоделските култури за производство на гас тврдат дека земјоделците треба да се концентрираат на одгледување храна - особено кога цените растат среде последиците од војната во Украина.

Сепак, биогасот е дел од сложувалката како да се намали енергетската зависност на Европа.

Европската асоцијација за биогас вели дека Европската унија би можела брзо да го зголеми производството на био-метан, кој се пумпа во мрежите за природен гас. Инвестиција од 83 милијарди евра (87,5 милијарди долари) - што, според сегашните пазарни цени, е помала од онаа што 27-те земји на ЕУ и ја плаќаат годишно на Русија за природен гас преку цевки - би предизвикала десеткратно зголемување на производството на биометан до 2030-та година и би можело да замени околу една петтина од она што блокот увезе од Русија минатата година, вели групата.

XS
SM
MD
LG