Линкови за пристапност

Шмихал: Украина е бескрајно благодарна од помошта што ја добива од САД и другите земји и организации


Denys Shmyhal, prime minister of Ukraine
Denys Shmyhal, prime minister of Ukraine

Украина доби ветувања од 6,5 милијарди долари на меѓународната донаторска конференција во четвртокот во Варшава.

Шефот на Бирото за Источна Европа на Гласот на Америка, Мирослава Гонгадзе, разговараше за конференцијата и други прашања со украинскиот премиер Денис Шмихал во полскиот главен град.

Глас на Америка: Белата куќа побара од Конгресот дополнителна поддршка, 33 милијарди долари. Како би се организирале овие пари и колку очекувате за буџетот, а колку за други потреби?

Шмихал: Кога американскиот претседател Џо Бајден ја објави поддршката од 33 милијарди долари за Украина, дел од оваа сума пари, околу 8 милијарди долари, ќе бидат за итна поддршка на украинскиот буџет во следните четири месеци. Остатокот од сумата се договоривме да го финансираме од сите нас или нашите партнери - од ММФ, Светска банка, од Европската унија. Ни треба оваа поддршка, за да не создадеме хиперинфлација во Украина. Значи, макро финансиската стабилност на нашата земја е многу важна за сите наши партнери.

Глас на Америка: Оваа војна ја погоди земјоделската индустрија во Украина, и конкретно светот всушност се соочува со сериозна криза од глад. Што всушност би можела Украина да собере оваа година, и како соработувате со меѓународните партнери за да ја соберете жетвата и да ја испорачате?

Шмихал: Европските, африканските и азиските земји чекаат повеќе од 90 милиони тони наши житарки, пченка, пченица, сончогледово масло, а тоа навистина ќе доведе до светска криза со храна. Сите земји се толку многу вознемирени поради ова. За време на нашата посета во САД и средбата со претседателот Бајден, разговаравме и за ова прашање, бидејќи разбираме дека ако не ги одблокираме нашите поморски пристаништа, тоа ќе доведе не само до криза со храна во текот на оваа година и можен глад кај многумина но, тоа ќе доведе до криза со храна и следната година и нема да имаме можност каде да ја собереме оваа нова реколта во Украина.

Глас на Америка: И, очекувате дека Русија ќе се согласи?

Шмихал: Се надеваме дека е така, бидејќи цивилизираниот свет, демократскиот свет треба да го изврши овој притисок, бидејќи во секој случај ќе има големи проблеми во многу земји, а тоа ќе биде вистинска криза со храна. Русија создаде енергетска криза во текот на оваа зима; Русија би сакала да создаде имиграциска криза и поради овие ѕверства и воени злосторства во Украина, а знаеме дека бројот на убиени цивили е 10 пати поголем од воените луѓе, така што е апсолутно јасно е дека тие предизвикале геноцид врз украинскиот народ. Но, нивната друга цел е да создадат страв меѓу Украинците и да создадат миграциско цунами. Но, Европската унија успеа ова, и сите наши жени и деца се во Европската унија, во сите земји ги сместуваат многу љубезно. Значи, ние сме многу благодарни за ова, и поради тоа емиграциската криза пропадна, но кризата со храна, енергетската криза се уште е многу актуелна. Значи, треба да најдеме како да управуваме со ова сите заедно, целиот свет.

Глас на Америка: Добивате голема воена поддршка од САД, од други земји и од земјите на НАТО. Денеска потпишавте договор со полската влада. Можете ли да ни дадете навестување за што се работи? И, како ја оценувате воената поддршка од различни земји за Украина?

Шмихал: Денес открив дека една голема сума од пари а, тоа се повеќе од 12 милијарди долари во текот на овие 71 ден - Украина доби од нашите партнери за различни сфери - за воената сфера, за хуманитарната сфера, но на секој начин најголемата поддршка е од САД. Ние сме многу благодарни за ова. Полска е следната земја, Европската унија и различни финансиски организации, ММФ, Светската банка, ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) и Канада на пример. Нивната реакција беше итна, многу итна во првата недела од војната. Финансиски не поддржуваат. Многу земји почнуваат да не поддржуваат во сферата на одбраната, исто така на многу брз начин. Значи, главен, наш поддржувач во воената сфера се САД и целиот сојуз и ние сме многу благодарни за тоа.

XS
SM
MD
LG