Линкови за пристапност

САД ги прошируваат ограничувањата за азил додека се подготвуваат целосно да ги прекинат


На граничниот премин Јума, Аризона - Протерувањето започна на 27 април и ќе заврши на 22 мај, изјави функционерот за Асошиетед прес под услов да остане анонимен, бидејќи договорот не е објавен во јавноста.
На граничниот премин Јума, Аризона - Протерувањето започна на 27 април и ќе заврши на 22 мај, изјави функционерот за Асошиетед прес под услов да остане анонимен, бидејќи договорот не е објавен во јавноста.

Администрацијата на претседателот Бајден почна да ги протерува Кубанците и Никарагванците од САД во Мексико под овластувања поврзани со пандемијата за да им се оневозможи на мигрантите шанса да бараат азил, проширувајќи ја употребата на правилото дури и како што јавно се укажува дека се обидува да го укине, изјавија официјални лица, пренесе Асошиејтед прес.

Според АП, САД постигнаа договор со Мексико за протерување до 100 Кубанци и 20 Никарагваци дневно од три локации: Сан Диего; Ел Пасо, Тексас; и долината Рио Гранде, Тексас, според официјален претставник на САД.

Протерувањето започна на 27 април и ќе заврши на 22 мај, изјави функционерот за Асошиетед прес под услов да остане анонимен, бидејќи договорот не е објавен во јавноста.

Тие се спроведуваат според клаузулата 42 од законот за јавно здравје кој се користи за протерување мигранти врз основа на спречување на ширење на Ковид-19. Таа клаузула 42, истекува на 23 мај, освен ако не интервенира судија и ја продолжи.

САД и Мексико се согласија на 26 април за многу ограничен број протерувања на Кубанците и Никарагванците, според висок мексикански функционер кој зборуваше под услов да остане анонимен, бидејќи тие не беа овластени јавно да коментираат.

Тоа беше поттикнато од поголемиот број мигранти од овие две земји кои доаѓаат на границата со САД. Мексико, исто така, зеде предвид дека владата на САД повторно почна да ги обработува визите во Куба, рече претставникот. Мексико исто така започна да издава визите за Кубанците.

Друг мексикански функционер, исто така неовластен да коментира јавно, потврди дека 100 Кубанци и 20 Никарагваци биле протерани од Сан Диего согласно клаузулата 42.

Одделот за домашна безбедност на САД не одговори веднаш на барањето за коментар.

XS
SM
MD
LG