Службите за државјанство и имиграција на САД објавија дека автоматски ќе ги продолжат за 360 дена работните дозволи на имигрантите кои поднеле барање за обновување на нивната дозвола, во услови на застој во процесирање на документите.
Ова е ново продолжување откако во ноември имиграционите служби најавија продолжување на работните дозволи за 180 дена.
Новата мерка се очекува да спречи околу 260.000 имигранти да ги загубат работните дозволи во наредниот период од 18 месеци.
Исто така, ќе ѝ даде на агенцијата дополнително време да ги расчисти апликантите кои чекаат на ред, се вели во соопштението оттаму.
„Ова привремено правило се однесува на лицата кои не се државјани, кои инаку ги исполнуваат условите за автоматско продолжување, можност за одржување на работното место и обезбедување критична поддршка за нивните семејства, избегнувајќи понатамошни потешкотии за работодавците во САД“, изјавија Службите за државјанство и имиграција на САД.
Продолжувањето, кое стапува на сила денес, има за цел да ги стабилизира операциите на американските работодавци кои им помагаат на вработените додека ги чекаат дозволите за работа.