Линкови за пристапност

Американците и натаму треба да носат маски во јавен превоз, вели ЦДЦ


Здравствените власти на САД ја повторија препораката Американците да носат маски во авиони, возови и автобуси, и покрај судската одлука минатиот месец, со која се укина федералната наредба за маски за јавниот превоз, објави Асошиетед прес.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), вчера објави сопштение во кое се вели дека Американците на возраст од две години и постари треба да носат добро прилагодени маски во јавниот превоз, како и во аеродроми и железнички станици.

Минатиот месец, федерален судија во сојузната држава Флорида го укина владиното барање за носење маски во јавниот превоз.

Одделот за правда ја обжали одлуката.

ЦДЦ одби да коментира за статусот на жалбата.

XS
SM
MD
LG