Линкови за пристапност

Венс победи на републиканските прелиминирани избори за Сенат во Охајо


Авторот Џејмс Дејвид Венс победи на републиканските прелиминарни избори за Сенатот во Охајо, по јавната поддршка на Доналд Трамп, објави Асошиетед прес.

Оваа победа се смета за тест за тоа каде стои Трамп во Републиканската партија во кампањата за конгресните избори.

Венс ќе се соочи со демократот Тим Рајан, десетгодишен демократски конгресмен, кој лесно победи на неговите прелиминарни избори вчера вечерта.

Но, општите избори во ноември за пополнување на местото на републиканскиот сенатор Роб Портман кој се пензионира, ќе биде голем потфат за Рајан во сојузна држава во која Трамп победи двапати.

Ова се очекува да биде тешка изборна година за демократите кои се обидуваат да го задржат мнозинството во Конгресот.

XS
SM
MD
LG