Линкови за пристапност

 
Во прашање е кредибилитетот на ЕУ ако не се исполни ветувањето кон Македонија, рече литванскиот министер за надворешни работи Ландсбергис

Во прашање е кредибилитетот на ЕУ ако не се исполни ветувањето кон Македонија, рече литванскиот министер за надворешни работи Ландсбергис


Првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат пред крајот на француското претседателство, рече Ландсбергис, кој денес се сретна со Османи
Првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат пред крајот на француското претседателство, рече Ландсбергис, кој денес се сретна со Османи

Се засилува притисокот меѓу земјите - членки на ЕУ врз Бугарија во однос на ветото за Северна Македонија кое ја блокира и Албанија.

Шефовите на европските дипломатии стануваат се погласни во пораките дека не може една држава да го држи во заложништво процесот на проширување.

Последен во низата е литванскиот министер за надворешни работи кој во Скопје порача дека Унијата мора да ги исполни дадените ветувања кон Западен Балкан.

Габриелиус Ландсбергис проширувањето го става во геостратешки контекст, особено по руската агресија врз Украина.

„Сега е времето да се постигне јасен исчекор без какво било одлагање на евроинтеграцијата на Северна Македонија со ЕУ. Првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат пред крајот на француското претседателство. Во прашање е кредибилитет на ЕУ, ако не можеме да ги испорачаме ветувањата за политиката на отворена врата дадени пред неколку децении. Ја нагласив важноста од единство на сите демократски земји во овие моменти кога продолжува руската агресија врз Украина. Русија ги доведува во прашање меѓународниот поредок и европската безбедност. Исклучително важно е заедно да пратиме порака дека сме решение да го браниме нашиот начин на живот и нашата безбедност“, вели Ландсбергис.

Очекува дека во наредните два месеца од франуското претседателство со Унијата ќе има напредок во делот на проширувањето.

Не сака да има формално одвојување на Македонија и Албанија, и вели дека има уште инструменти на располагање, како и дека верува оти е можен компромис меѓу Скопје и Софија.

Неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, топката ја префрла кај Унијата и Бугарија. Османи, сега е претпазлив во однос на рокови за можен договор.

„Ние за рокови не можеме да зборуваме, бидејќи навистина ние не сме тие што одлучуваме. Ние бевме одговорни да ги исполниме сите услови за почеток на преговори, да бидеме конструктивни во овие разговори и покрај тоа што прашањата не се поврзани едни со други, меѓутоа топката повеќе не е во нашиот двор. Топката е во Софија и во Брисел. Дали тие ќе одлучат да преземат стратешко лидерство во овие моменти или не е нивно и нивна одговорност. Со одолговлекување на процесот се намалува енергијата во земјава, како и поддршката на граѓаните“, рече Османи.

Ландсбергис вели дека во Брисел и во главните градови на членките на Унијата има свесност дека одложувањето на процесот го урива кредибилитетот на ЕУ.

Затоа, очекува носење геостратешки одлуки како што бил случајот во минатото.

Дали европскиот интерес навистина ќе надвладее над интересот на една земја - членка ќе се знае наскоро, веќе во јуни.

Литванскиот министер Габриелиус Ландсбергис со критики за бугарската блокада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

XS
SM
MD
LG