Линкови за пристапност

Верска слобода за сите ја зајакнува нашата држава, рече Бајден по повод Рамазан Бајрам


Минатогодишната прослава на Бајрам во Белата куќа се одржа виртуелно поради пандемијата коронавирусот
Минатогодишната прослава на Бајрам во Белата куќа се одржа виртуелно поради пандемијата коронавирусот

Претседателот на САД Џо Бајден денес организира прием во Белата куќа, за да го прослави Рамазан Бајрам. На Бајден ќе му се придружат првата дама Џил и Даг Емхоф, сопруг на потпретседателката Камала Харис.

„Традицијата на верска слобода за сите ја зајакнува нашата земја и ние ќе продолжиме да работиме со Американците од сите верувања и потекло за да ги заштитиме и продлабочиме нашата колективна посветеност на овој фундаментален принцип“, се вели во изјавата на претседателот и првата дама, во која се додава дека „оваа година ќе ја продолжиме традицијата да го славиме Бајрам во Белата куќа и да им оддадеме почит на инспиративните муслимански Американци кои ги водат напорите за градење поголемо разбирање и единство низ нашата нација“.

Минатогодишната прослава на Бајрам во Белата куќа се одржа виртуелно поради пандемијата коронавирусот.

Бајден, исто така, ги спомена „милиони раселени лица и бегалци во светот кои го поминуваат овој свет празник одвоени од своите семејства и несигурни нивната иднина“.

XS
SM
MD
LG