Израел го повика рускиот амбасадор во државата поради коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за нацизмот и антисемитизмот, објави Асошиетед прес.
Лавров во интервју за италијански медиум рече дека Украина сè уште може да има нацистички елементи дури и ако има некои фигури Евреи, вклучувајќи го и претседателот на земјата, велејќи дека „Хитлер исто така имал еврејско потекло“.
Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјавите ги нарече „непростливи и скандалозни и е ужасна историска грешка.“
Острата реакција на Лапид се разликува од досегашната позицијата на Израел за војната во Украина, која што се обидува да задржи неутралност.