Одделот за правда на САД поднесе тужба против поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манафорт - кој беше осуден во истрагата за Русија на специјалниот советник Роберт Мулер, а подоцна и помилуван, објави Асошиејтед Прес. Од него се бара да врати речиси 3 милиони долари од непријавени странски банкарски сметки.
Според АП, во тужбата, поднесена во федералниот суд во Вест Палм Бич, се бара судијата да го принуди Манафорт да плати казни, и камати, откако обвинителите соопштија дека не открил повеќе од 20 оф-шор банкарски сметки што наредил да се отворат во Обединетото Кралство, Кипар и Санкт Петербург, Винсент и Гренадини.
Одделот за правда тврди дека Манафорт не поднел даночни документи со детали за сметките и не ги открил парите на неговите даночни пријави. Во тужбата се товари дека парите биле поврзани со консултантска работа во Украина со неговиот заменик Рик Гејтс и неговиот соработник, Константин Килимник, а двајцата беа клучни фигури во истрагата на Мулер.