Денеска се одбележува Денот на сеќавање на Холокаустот под темата „Храброста го соочува злото“, и им оддаваме почит на жртвите и преживеаните од Холокаустот, се вели во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен што ја пренесе Стејт департментот.
„Додека се сеќаваме на ужасите од тоа мрачно поглавје, опкружени сме со потомци на преживеаните од Холокаустот кои беа инспирирани од страдањето и храброста на нивното семејство да се посветат на јавната служба. Тоа е чувство што го споделувам од приказната на моето семејство“ се вели во изјавата од Блинкен во соопштението од Стејт департментот.
Тоа се јавни службеници како американската амбасадорка Мишел Тејлор, чии родители и баби и дедовци успеале да побегнат од Холокаустот пред нацистите да го убијат нејзиното пошироко семејство. Оваа страшна загуба на најблиските и волјата на нејзиното семејство да преживее беа катализатори за долгата кариера на амбасадорката во одбрана и унапредување на каузата на човековите права, рече Блинкен.
Денес, рече Бинкен, таа е претставник на САД во Советот за човекови права на Обединетите нации, каде што се залага за слободата, еднаквите права и достоинството на сите, и каде што работи на собирање на светот за поддршка на Украина против руската брутална војна за агресија.
„Мора да се соочиме со зголемениот антисемитизам, да се погрижиме сегашните и идните генерации да ја научат историјата и лекциите од Холокаустот, за да чувствуваат одговорност да се спротивстават на неправдата и да преземат акција против злосторствата каде и да се случатБлинкен, државен сектетар на САД
Блинкен оцени дека останува заложбата да застанеме обединети против тиранијата, лагите и омразата во сите нивни форми. „Мора да се соочиме со зголемениот антисемитизам, да се погрижиме сегашните и идните генерации да ја научат историјата и лекциите од Холокаустот, за да чувствуваат одговорност да се спротивстават на неправдата и да преземат акција против злосторствата каде и да се случат“, се вели во изјавата на Блинкен.
Според државниот секретар, „Денеска се сеќаваме на сите преживеани од Холокаустот, шесте милиони Евреи мажи, жени и деца кои беа убиени и милиони други кои беа убиени или претрпеа прогон и ужасна нечовечност, вклучително Роми, лица со посебни потреби...
„Нивните животи и сеќавање нè учат зошто е важно не само да се сеќаваме, туку и да дејствуваме. Секој чин на храброст пред лицето на злото му дава значење на заветот - „Никогаш повеќе“, се вели во изјавата на државниот секретар Блинкен по повод оддавањето почит на жртвите и преживеаните од Холокаустот.