СОНК и образование ќе го решаваат спорот со помирување откако тоа го побара министерството за образование а министерството за труд и социјала се согласи и назначи медијатор. Преговорите ќе траат најмногу до 20 дена и во тој период, според Законот, не може да има Генерален штрајк. Доколку не се постигне решение СОНК најавува дека Генералниот штрајк продолжува
СКОПЈЕ – Учениците од утре се враќаат во основните и средните училишта и наставата продолжува откако СОНК соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување. СОНК и министерството за образование ќе се обидат да ги надминат несогласувањата пшо пат на помирување. Имено утрово во СОНК добиле известување од министерството за труд и социјална политика дека министерсвото за образование бара отварање на постапка за мирно решавање на колетивниот спор. Барањето е прифатено и од труд и социјала веќе е назначен медијатор. Според одредбите во Законот за мирно решавање на работните спорови во тек на помирување не може да се одржува Генерален штрајк.
„Додека трае периодото на помирувањ еи решавање на спорот меѓу спротивствените таботи, доколку се однесува на штрај штрајкот треба да се стави во мирување. Извршивме детална консултација со повеќе адвокати и судии и факт е дека ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Ние сме убедени дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните заеднички решенија онаму каде што застанавме во преговорите“, изјави Јаким Неделков, престедател на СОНК.
Од образование ја поздравија одлуката на СОНК да ги стават во мирување штрајкот и нагласија дека се за продолжување на преговорите
„ Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес. Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај“, се наведува во соопштението од МОН.
Новата рунда преговори овој пат ќе се води преку медијатор и ќе може да трае најмногу до 20 дена. Еден од условите за било каков договор е исплаќање на целата плата на просветните работници кои штрајкуваат, нешто што надлежните министерства го оспоруваа.
„Ќе подвлечам дека доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното министерство за образование и наука, сакам да ја уверам јавноста и нашето членство дека штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде“, потенцираше Неделков.
СОНК се уверени дека нивните барања за покачување од 18,4 отсто на платите и потпишување на колективни договори за основно средно и детска заштита ќе бидат потпишани ќе бидат исполнети.
Сепак синдикалците се без став дали потегот на минситерството за образование е купување на време или пак вистински начин да се надминат разликите.
„Кој како сака може да толкува дали е купување на време или е вистинскиот механизам за надминување на состојбите, навистина не знам. Животот не учи на се па и на вакво мирно решавање на спорови. Можеби е задоцнето, можеби можеше да се примени пред почнување на штрајкот“, рече Неделков.
Од СОНК соопштија дека протестот на просветните работници кој беше закажан за 4 мај најверојатно нема да се одржи бидејќи може да се протолкува како притисок врз преговарачите.
Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април а членовите на СОНК ја одбија понудата на Владата за покачување на платите за 12 отсто почнувајќи од јули.