Линкови за пристапност

Бајден ќе ги посети Јужна Кореја и Јапонија во мај


Американскиот претседател Џо Бајден треба да отпатува во Јужна Кореја и Јапонија следниот месец за да се сретне со лидерите и да разговара за економските и безбедносните врски.

Белата куќа го објави патувањето денес, велејќи дека Бајден ќе замине во регионот од 20-ти до 24-ти мај.

Во Јужна Кореја, Бајден ќе разговара со претседателот Јун Сук Јеол, кој беше избран во март.

Во Јапонија, Бајден треба да се сретне со премиерот Кишида Фумио и да разговара со лидерите од групата земји „Quad“, која ги вклучува Јапонија, Австралија, Индија и САД.

XS
SM
MD
LG