Линкови за пристапност

САД и Русија разменија затвореници


Родителите на Тревор Рид на протести пред Белата куќа
Родителите на Тревор Рид на протести пред Белата куќа

САД и Русија разменија затвореници од висок профил во средата, иако односите меѓу двете земји се заладени со драстични несогласување околу двомесечната инвазија на Москва во Украина.

Русија го ослободи Тревор Рид, поранешен американски маринец кој беше затворен во Русија од 2019 година, откако руските власти соопштија дека нападнал полицаец и бил приведен во алкохолизирана состојба, а подоцна осуден на девет години затвор. Семејството на Рид не отстапи дека е тој е невин.

За возврат, САД го ослободија Константин Јарошенко, руски пилот кој отслужува 20-годишна затворска казна во сојузната држава Конектикат за заговор за шверц на кокаин во САД, откако беше уапсен во Либерија во 2010 година и екстрадиран во САД.

Иако размената на затвореници беше невообичаена, висок американски функционер ја опиша како еднострана дипломатија. „Разговорите со Русите што доведоа до оваа размена беа строго ограничени на овие теми, а не на поширок дипломатски разговор“, рече претставникот.

„Ослободувањето на Рид не претставува никаква промена, на нашиот пристап и негодување кон ужасното насилство во Украина што го спроведува Русија“, истакна виш американски претставник.

Официјални лица не сакаа да кажат каде се случила размената на затвореници, но неколку часа пред да се случи, извештаите идентификуваа авион на руската федерална служба за безбедност како летал кон турската престолнина Анкара.

Бирото за затвори на САД, исто така, ја ажурираше својата веб-страница за да објави дека Јарошенко повеќе не е во затвор во САД.

Родителите на Рид, Џои и Пола Рид, долго време бараа ослободување на нивниот син, со реклами во весници и протести пред Белата куќа. Нивната кампања го привлече вниманието на официјални лица на Белата куќа и тие се сретнаа кон крајот на минатиот месец со претседателот Џо Бајден. „Нашето семејство живееше во кошмар. Денес, нашите молитви се одговорени и Тревор безбедно се враќа во САД“, се вели во соопштението на семејството на Рид.

XS
SM
MD
LG