Линкови за пристапност

Градинките од утре повторно ќе работат, клупите училиштата остануваат празни


empty clasroom Macedonia 1
empty clasroom Macedonia 1

Предлогот на Владата за зголемување на платите за 12 отсто од месец јули не помина кај синдикалните организации во СОНК. Над 380 организации биле против а 80 организации претежно од градинките биле за.Затоа и Генералниот штрајк запира во овие установи. На 4 мај протестен марш на просветните работници

СКОПЈЕ - Покачување на платите за 12 отсто не е прифатливо решение за мнозинството просветни работници членови на СОНК. Пртедлогот на Владата е отфрлен а генералниот штрајк продолжува но само во основните и средните училишта.

Во текот на денот 480 синдикални организации изјаснија дали се за или против и ги доставија своите одговори до Советот на СОНК.

„Од вкупно 480 синдикални организации кои дадоа податоци, 388 беа да се продолжи штрајкот а само 83 да се прекине. Најголем дел од оние кои се изјаснија да се прекине штрајкот се синдикалните организации од детската заштита. Огромното мнозинство да се продолжи со штрајк се колегите и колешките од основното и средното образование.Советот на СОНК донесе одлука дека генералниот штрајк во основното и средното образование продолѓува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедичко прифатливо решение меѓу синдикатот,ресорните министерства и Владата“, изјави Јаким Неделков, пред седиштето на СОНК по завршувањето на состанокот на Советот.

Градинките за разлика од основните и средите училишта од утре ќе работат со полн капацитет и ќе ги згрижуваат децата, што ќе им помогне на голем број родители кои мораа да остуствуваат од работа бидејќи немаше решение за згрижување на нивните деца.

„Советот донесе одлука во градинките штрајкот да се стави во мирување, градинките редовно ќе работат. Образложението на оваа одлука е барањето на големиот дел на градинки во интерес на децата, родителите и стопанството кое трпи бидејќи нема кој да ги згрижи дечињата. Тие ќе продолжат да работата со нормален интензитет“, појасни Неделков.

Од Синдикатот на просветните работници соопштија дека жалат за прекинот на наставата, за пропуштетното кај учениците и за проблемите кај родителите кои поради згрижување на нивните деца и побараа бараме разбирање и поддршка.

„Јасно е дека доколку имаме задоволни и мотивирани наставници ќе имаме многу поквалитетно образование. Се она што е пропуштенпо ќе се надокнади. Апелирам до Владата и до министерството за образование да имаат разбирање за барањата на нашите членови. Барањата се од социјален карактер “, рече првиот човек на СОНК.

Во знак на незадоволство просветните работници ќе излезат на протест пред Владата на 4 мај.

Барањата на СОНК се зголемување на платите за 18,4 отсто додека од Владата понудија првични 10 а потоа 12 отсто, образлоѓувајќи дека тоа е максимумот кој може да се издвои со ребаланс на Буџет.

Од Владата засега нема реакција на одлуката на СОНК за продолжување на Генералниот штрајк во основните и средните училишта

XS
SM
MD
LG