Линкови за пристапност

„Плацовите на Водно“ му донесоа седум години затвор на Никола Груевски


Груевски остана и без имот вреден околу три милиони евра, конфискувано е се совен двата стана кои се водат на неговата мајка. Екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков доби 15 месеци затворска казна а бизнисменот Орце Камчев е осуден на една година затвор. На двајцата во казната ќе им се смета времето минато во притвор. Кумот на Груевски, Ристо Новачевски е осуден на условна затворска казна исто како и последниот обвинет Ненад Јосифовиќ




СКОПЈЕ –Екс премиерот а сега бегалец, Никола Груевски, е прогласен виновен во случајот „Плацеви на Водно“ и осуден на казна затвор во траење од седум години. Судскиот совет во скопскиот кривичен суд одлучи да се конфискува имотот на Груефски кој веќе беше замрзнат на барање на Обвинителството. Станува збор за три стана во комплексот „Панорама“, два стана во зградата на улицата „Бихаќка“, два плаца во Крушево и два плаца со вкупно 13.700 метриу квадратни на две локации на Водно.

Сите обвинети освен Ратка Камчева, чие дело застари во текот на процесот, беа прогласени за виновни но добија далеку поблаги или условни казни. Па така, второобвинетиот, екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков доби 15 месеци затворска казна, бизнисменот Орце Камчев е осуден на една година затвор. На двајцата во казната ќе им се пресмета и времето минато во притвор што значи дека им преостануваат само неколку месеци затвор за овој случај.

Кумот на Груевски, Ристо Новачевски, е осуден на две години условна затворска казна ако во наредните пет години не го повтори или не стори ново кривично дело а истата казна ја доби и Ненад Јосифовиќ.

Додека судијата Илија Трпков го читаше образложението на пресудата на монитори во судницата се прикажуваше патот на партиските пари со кои се купени плацовите на Водно кој судијата го нарече „Белизе шема“ .

Груевски со партиски пари, кои потекнуваат од донации на членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ, станува сопственик на имотот и на презентирана „шема“ во судницата јасно се гледа како парите патуваат до Белизе и назад во „Стопанска Банка АД Битола“ исто како и парите на Камчев кои патуваат до истата дестинација за на крај да завршат во „Орка Холдинг“. Како поткрепа Трпков ги наведе изјавите на сведоците Гордана Јанкуловска која кажа дека партијата била во криза и се финансирала од донации кои се примале со каса прими и никој немал увид во нив како и исказот на Протуѓер, кој потврди дека во седиштето имало сеф, а од општинските комитети се испорачувале пакети и пари.

„Кога целосна македонска јавност слушна како се земале парите на искрените поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ но и на оние кои биле уценувани, очекував дека сите обвинети ќе признаат вина, очекував извинување до македонската јавност”, рече судијата Трпков.

Според обвинтелнито акт, Груевски зел 1,3 милиони од донации на ВМРО – ДПМНЕ со кои го купувал имотот во Скопје и во Крушево. За тоа да се оствари вклучени се оф-шор фирми на Белзе како и фирми ќерки и неколку препродажби на плацеви и имоти за да се сокрие трагот и вистинската сопственост.

XS
SM
MD
LG