Линкови за пристапност

Блинкен во посета на Панама да разговара за миграцијата


Администрацијата на Бајден рече дека ќе ги реши основните причини за миграцијата и вети 1,2 милијарди долари помош за земјите од Централна Америка
Администрацијата на Бајден рече дека ќе ги реши основните причини за миграцијата и вети 1,2 милијарди долари помош за земјите од Централна Америка

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас денес ја почнуваат дводневната средба со официјални претставници во Панама за да разговараат за миграција и други билатерални прашања.

Панама стана транзитна точка за мигрантите кои сакаат да дојдат во САД, со рекордни бројки кои влегуваат во земјата, објави „Ројтерс“.

САД забележаа рекорден број мигранти кои се обидоа да ја преминат јужната граница на првиот година на администрацијата на претседателот Џо Бајден, а се очекува уште поголем број оваа година.

Блинкен рече дека ова прашање е „приоритет“ за САД, говорејќи за време на официјалниот прием во главниот град Панама.

„Мигрантите се ранливи на експлоатација од секаков вид“, рече Блинкен, кој нагласи дека „многумина се деца, а нивните судбини, нивната иднина се многу неизвесни. Имаме одговорност, заедничка одговорност, да внимаваме на нив“.

Администрацијата на Бајден рече дека ќе ги реши основните причини за миграцијата и вети 1,2 милијарди долари помош за земјите од Централна Америка.

XS
SM
MD
LG