Линкови за пристапност

Мизо: Војната во Украина нанесе сериозен удар на автомобилската индустрија во Европа


Глас на Америка: Како војната во Украина се одразува на автомобилскиот сектор и какви последици веќе чувствувате?

Виктор Мизо: Војната во Украина која трае веќе шест недели има драстично влијание на она што се случува во автомобилската индустрија во Европа. Но, морам да кажам дека автомобилската индустрија глобално а, уште повеќе во Европа се соочува со проблеми, не само од пандемијата туку од почетокот на минатата година со недостатокот на микрочипови. Сето тоа значеше драстично намалување на обемот на производство од планираното, но со Украина голем број на производители на компоненти, пред се во Западна Украина, а таму и Костал има две фабрики во близината на Киев, го имаат драстично намалено своето производство и заради тоа, производители на возила во Европа, без разлика дали е тоа Мерцедес, Фолксваген, Ауди, Стелантис и Порше ги затворија целосно своите фабрики на одреден временски период или работеа со скратено работно време. Наместо со три работеа со една или две смени дневно. Паралелно на тоа, политиката на Кина за нула ковид и она што значи веќе пролонгирање трета недела на целиот оној локдаун или карантин во Шангај, директно влијание има не само на локалното производство таму, туку сите оние електронски компоненти, кои доаѓаат и за глобалниот но и за европскиот пазар. Поради сите овие работи со кои се соочуваме во Европа со намалување на обемот на работа на нашите клиенти, заради намалување на нивната побарувачка и ние работиме со скратено работно време или со многу помал обем од планираното. Кога нивниот обем на работа се намали тоа значи дека и ние треба да оптимизираме. Некои компании веќе не работат за викенди, иако некогаш било производството континуирано 24/7.

Глас на Америка: Дали поради сите овие случувања, веќе има намалена побарувачка на автомобили на пазарот или станува збор за намалена понуда?

Виктор Мизо: До пред кратко побарувачката беше голема, но беше проблем со понудата, поради проблем со немањето на доволно компоненти. Сега веќе малку и побарувачката се намалува, бидејќи кога има војна, инфлаторните движења, сите оние несигурности, кога знаете дека има војна во вашиот регион, дали луѓето ќе имаат ист сентимент за купување на возила, најверојатно не. Ако ги гледаме бројките во март, Германија во март ги намали продажбите на возила за 18%, споредбено со минатиот март. Во Франција таа бројка е 20 отсто, во Италија е 30 отсто. Во првите два месеци имавме намалени продажби во Европа, споредбено со минатата година од околу 6,5 отсто. Март ќе биде уште полош. Јас очекувам дека подобрување нема да има ниту во април ниту во мај. И, тоа значи дека и побарувачката но и понудата истовремено трпат негативни притисоци.

Глас на Америка: Што ако продолжи војната во Украина, кои би биле понатамошните последици? Дали можеби ќе има отпуштање на работници од работа или затворање на дел од фабриките?

Виктор Мизо: Отпуштање на работници е нешто што ниту една компанија не сака да се случи. И, тоа би било крајниот случај кон кој било која компанија би отишла. Едно е да луѓето одат на предвремено искористување на одморот или на привремен одмор, што значи работа на 70 отсто. Мислам дека намалувањето на бројот на работни места е нешто што би било во крајна инстанца, ако навистина сите овие случувања би траеле многу подолго. И. од таа гледна точка е многу важно, она што беше како поддршка на владата на почетокот на пандемијата, април, мај 2020-та година во автомобилскиот сектор, кој гледаме дека е многу различно погоден од сите други сектори. Мислам дека со намалување на последиците од пандемијата, голем дел од економските активности заживуваат, но во нашата индустрија, сите овие специфичности за кои говоревме, ќе значи дека ќе треба да се направи некоја поддршка за задржување на овие работни места.

XS
SM
MD
LG