Линкови за пристапност

Полицијата во Мичиген објави снимки како полицаец стрела и убива Афроамериканец


Полицијата во американската сојузна држава Мичиген во објави видео снимки на кои се гледа како полицаец пука во Афроамериканец и го убива при рутинска контрола претходно овој месец.

Демонстрантите се собраа доцна во средата во градот Гранд Рапидс за да побараат правда за Патрик Лија, 26-годишен имигрант од Демократска Република Конго, велејќи дека пукањето е најнов пример на полициско насилство врз црнците во САД.

Полицаецот не е јавно именуван и е ставен на платено отсуство додека властите го истражуваат пукањето.

Шефот на полицијата на Гранд Рапидс, Ерик Винстром, наведувајќи ја потребата од транспарентност, ги објави видеата, кои ги вклучуваат снимени од патник во автомобилот на Лија, камерата на полицаецот на униформата, и од возило на полицаецот.

Инцидентот на 4 април започнал со тоа што полицаецот го запрел Лија поради тоа што регистарската табличка не одговарала на автомобилот. На видеата се гледа како Лија излегува од автомобилот, а подоцна се обидува да си замине додека полицаецот се обидувал да му стави лисици.

Полицаецот и Лија се степале на соседниот тревник и се околу пиштолот за предизвикување шок, пред полицаецот да го застрела Лија.

XS
SM
MD
LG