Линкови за пристапност

Очекуваниот животен век во САД се вратил на ниво како од пред 20 години, вели нова студија


Податоците на американската Влада потврдија дека ковид-19 бил главна причина за 2021 година да биде најсмртоносната година во историјата на САД.

Центрите за контрола и превенција на болести месецов ја ажурираа привремената статистика за смртност, покажувајќи дека минатата година имало повеќе од 3,46 милиони смртни случаи. Тоа е околу 80.000 повеќе од рекордот во 2020 година. Експертите велат дека ковид-19 е главната причина.

Но, новата студија објавена вчера покажува и дека големиот пораст на смртните случаи поради предозирање кај адолесцентите, исто така, одиграл улога.

Истражувачите, исто така, веруваат дека очекуваниот животен век во САД се намалил за уште пет или шест месеци во 2021 година, враќајќи го онаму каде што бил пред 20 години.​

XS
SM
MD
LG