Линкови за пристапност

Застрелани повеќе луѓе на метро станица во Њујорк


Повеќе луѓе се застрелани денес наутро на метро станица во Бруклин, Њујорк, соопшти градската противпожарна служба, пренесе Асошиетед прес.

Пожарникарите реагирале на извештаите за чад на станицата, каде откриле повеќе луѓе застрелани, изјави портпаролот на Њујоршката противпожарна служба.

На фотографијата од местото на настанот се гледаат луѓе кои се грижат за раскрвавените патници кои лежат на земја.

Дополнителни детали веднаш не беа достапни. Њујоршката полиција соопшти дека реагирала на извештаите за ранети луѓе или од истрели или од експлозија.

XS
SM
MD
LG