Линкови за пристапност

Шумски пожари во Ново Мексико, се евакуираат граѓани


Властите соопштија дека повеќе структури се загрозени од пожарите, a засега нема извештаи за жртви
Властите соопштија дека повеќе структури се загрозени од пожарите, a засега нема извештаи за жртви

Силните ветрови поттикнаа шумски пожари околу југозападната сојузна американска држава Ново Мексико, водејќи до евакуација јужно од Албакерки.

Властите соопштија дека повеќе структури се загрозени од пожарите. Претставници на округот Валенсија повикаа на евакуација во областа и ги упатија жителите во засолниште јужно од Албакерки.

Метеоролозите предупредија на висока опасност од пожари во целата држава поради силните ветрови, сувите услови и ниското ниво на влажност. Засега нема извештаи за жртви.

XS
SM
MD
LG