Линкови за пристапност

Галуп: 47 проценти од граѓаните во Северна Македонија го одобруваат лидерството на САД


Одобрувањето на лидерството на САД во Северна Македонија во 2021 година изнесува 47 проценти, според најновиот извештај на „Галуп“ за рејтингот на светските лидери. Според извештајот, 34 отсто од испитаниците не го одобруваат лидерството на САД, додека 19 отсто одбиле да одговорат.

Во споредба со другите НАТО членки во регионот, одобрувањето на лидерството на САД во Албанија изнесува 82 проценти, додека 12 отсто од граѓаните се против.

Во Бугарија, 40 отсто го одобруваат, додека 35 отсто не го одобруваат или 25 проценти одбиле да се изјаснат.

Во Грција 51 процент го одобруваат, а 36 проценти се против, додека во Хрватска 24 отсто го одобруваат, а 42 се против.

Во Србија, пак, која не е НАТО членка, процентот на одобрување на американското лидерство изнесува 16 отсто, додека 64 проценти се против.

Извештајот откри дека рејтингот на САД во светот се повратил за време на првите шест месеци од претседателството Џо Бајден, додека тој се намалил во втората половина од годината, што се совпаѓа со повлекувањето од Авганистан.

Во извештајот се истакнува дека имало двоцифрено зголемување на одобрувањето на лидерството на САД во 59 земји и територии помеѓу 2020 и 2021 година.

XS
SM
MD
LG