Линкови за пристапност

Од утре почнува генералниот штрајк во Образованието


Од СОНК обвинија за притисоци и ја повикаа Владата да го „одврзе ќесето“ за да што поскоро да продолжи редовната настава во градинките, основните и средните училишта. Барањето е покачување на платите за 18,4 отсто. Одговорноста за евентуалниот прием на деца во установите синдикалците ја префлија кај директорите. Од министерствата за образование и труд и социјала со најава дека згрижувањето на децата во градинките и наставата во училиштата ќе продолжи


СКОПЈЕ - Самостојниот синдикат за образование наука и култура (СОНК) потврди дека договор со владата за зголемување на платите за 18,4 отсто почнува утре и вработените во градинките, училиштата но и студентските домови и високообразовни институции, кои се членови на синдикатот нема да ги згрижуваат децата и да држат воспитно образовен процес.

Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата а од СОНК апелираа до Владата да седнат на маса и „да го одврзат ќесето“ за што побрзо процесот нормално да продолжи и децата да не трпат последици.

„Апелирам до Владата што побрзо да не повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон Синдикатот, кон оние вработени во државата кои имаат исклучително општествено значење, да најдеме взаемно прифатливо решение, што побрзо да го одврзат ќесето и да ги исполнат барањата на Синдикатот за што побрзо да почне и продолжи редовната настава. Во спротивно целата одговорност паѓа на плеќите на ресорните министерства и Владата. Ќе се оградиме од нашиот дел од вината зошто учениците немаат основно загарантирано право за образование“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Неделков кажа и дека врз дел од вработените во градинките се врши притисок да се откажат од штрајкот.

„Во последниот период зачестија притисоците врз вработените во детските градинки и по разни основи вработените се приморуваат да бидат на работните места и да функционираат и работат како да нема штрајк.Секој обид за пригушување или оневозможување на штрајкот е сериозен прекршок казнив со закон“, нагласи Неделков.

Штрајкот на СОНК ќе се одвива во градинките, основните и средните училишта, ученичките домови и високообразовните институции каде ќе се приклучат вработени како солидарност низ целата државата. Штрајкувачите ќе бидат во простории кои ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат згрижувачките и воспитно образовни дејности.ж

Ќе бидат одложени евентуалните наставнички совети, родителски средби, полагање на стручни испити како што е матурата, регионални и домашни натпревари на ученици.

Доколку деца се појават во градинките и учулиштата, одговорноста за згрижување паќа на директорот на институцијата, појаснија од СОНК.

Од друга страна пак, министерствата за образование и труд и социјала, иако велат дека правото на штрајк е загарантирано, денеска повторно ги информираа родителите дека градинките ќе ги примаат децата а учениците во основните и средните училишта ќе имаат настава без да образложат како. Како ќе се врши воспитно образовниот процес во установата доколку сите штрајкуваат нема објаснување ниту пак најава за временски вработувања.

„ Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби, за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст “, соопштија од труд и социјала.

Од образование стигна најава, настава ќе има.

„Основните и средните училишта и од утре, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес. Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците“, стои во соопштението на МОН.

Генералниот штрајк организиран од СОНК доби поддршка од голем број на синдикати а Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) најави дека на 1ви мај наместо традиционалниот работнички марш ќе има работнички протест кој може да премине во Генерален штрајк.

“Ако трпи работникот штета, ќе трпи целата држава,ќе трпат сите работодавачи,сите институции штета. Генерален штрајк ќе значи сите оние синдикати кои се организирани во ССМ и онаму каде што ќе има членство ќе прекинат со процесот на работа во работно време “, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

Од ССМ го повторија нивното барање, од 1 мај по 2.806 денари за сите работници како усогласување со минималецот бидејќи според Државниот завод за статистика (ДЗС) синдикалната кошничка во март достигна 36.768 денари, за 920 денари е повисока од јануарската, и семејство со приходи од две минимални плати не може да да ја покрие.

Синдикатот на УПОЗ штрајкува од средата и повеќе од 13 илјади државни службеници вработни во министерствата, агенции, управи, судови и општини го прекинуваат работниот процес од 10 до 12 часот. Барањата се идентични како и кај ССМ, усогласување со минималнатата плата од 18 илјади денари и доколку нема скалесто покачување на платите да има линеарно во износ од 2.806 денари.

Во среда вработените во Пошта почнуваат со Генералниот штрајк и граќаните нема да може да ги користат услугите на оваа витална државна институција.

XS
SM
MD
LG