Линкови за пристапност

За три министерства Стратегијата на Антикорупциска воопшто не постои


Повеќе од половина активности предвидени во Националната стратегија на Антикорупциската комисија кои требаше да ги спроведат државните институции и министерства не се ниту започнати а само 20 отсто се целосно завршени. Антикорупционерите не можеле да ги соберат инфoрмациите од државните институции дали и колку се работи на остварување на Националната стратегија. Министерството за информатичко општество како ностител на активностите воопшто не поднело извештај до Антикорупциска

СКОПЈЕ - Корупцијата е присутна во сите пори од општеството, а држвните институции прават малку или ништо за да се справат со оваа појава, покажува анализата на исполнувањето на Националната стратегија на Антикорупциската комисија. Иако државата бележи напредок од дваесетина места на листата на „Транспаренски интернешенел“ за граѓаните корупцијата е проблем број еден во државата а потоа следат невработеноста и ниските примања.

Повеќе од половина активности кои министерствата и државните институции требаше да ги превземат согласно Стратегијата на Антикорупциската за 2021 година воопшто не се ниту започнати.

„Од 111 предвидени активности, целосно се реализирани само 22. Најголем дел од реализирабите се во секторите правуосудство, медиуми и граѓани, јавни набавки и образование “, рече Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска.

Министерствата за труд и социјалната полицика и за земјоделство шумарство и водостопанство, како и агенцијата за спорт немаат ниту еден реализиран проект.

Три министерства кои имаат речиси една четвртина од предвидените активности согласно Националната стратегија реализирале само една. Министерството за информатичко општество од десет има реализирано едно, здравство од девет една е во тек а шумарство од деветте нема ниту започнато било која предвидена активност.

„53 отсто од активностите не се ни почнати да се реализираат. Вкупно 89 активности ќе се префрлат за 2022 година и сега наместо 80 ќе има 169 активности“, појаснува Ивановска.

Она што загрижува уште повеќе е што Антикорупционерите не можеле да ги соберат инофрмациите од државните институции дали и колку се работи на остварување на Националната стратегија.

Министерството за информатичко општество како ностител на активностите воопшто не поднело извештај до Антикорупциска ниту пак претставник од министерството се појавил на тркалезните маси организирани наменски за да се собере информација за спроведените активности.

Затоа од Антикорупциска најавија дека ќе до Владата ќе поднесат препорака за воведување на механизам за одговорност за раководните лица во институциите кои не доставуваат резлутати и информации за сработените активности.

Од искуствата собрани во тековното работење антикорупционерите велат дека остануваат истите ризици за корупција и најчесто може да се сретнат при вработувањата во јавниот сектор и на централно и на локално ниво а висок ризик од корупција има и пи издавањето на лиценци, решенија како и доделување на грантови, субвенции и државна помош.

„Клучот во степенот на корупција е ниската стапка на казнивост, недоволна транспарентност и отуство на систем за контрола во јавниот сектор“, заклучија антикорупционерите.

Затоа до Собранието ќе бидат доставени измени во Стратегијата со кои ќе бидат предвидени поголем отчетност и одговорност при спроведувањето на предвидените задачи и активности.

Минатата година Антикорупциска работела на 600 предмети. Најмногу пријави имало од областа на судството и градежништвото. Лани биле поднесени и 1411 изјави за судир на интереси но тоа се должи на локалните избори и обврската ново избраните службеници да доставуват анкетни листови и изјави за судир на интереси.

XS
SM
MD
LG