Линкови за пристапност

Конгресменот Џозеф Морел ѝ оддаде почит на македонска имигрантка во САД која почина од Алцхајмерова болест


Во Претставничкиот дом на САД ѝ беше оддадена почит на Ана Кордович Галовски, Македонка која имигрирала во САД во 1951 година, а која почина на почетокот на годинава од Алцхајмерова болест.

Конгресменот од Њујорк Џозеф Морел, член на конгресната група за пријателство со Македонија, рече дека „Ана беше длабоко вклучена во локалната заедница, особено во локалната македонска заедница. Беше основачка на македонската православна црква `Св. Димитрија` во Хенриета, Њујорк, и остана активна во црковна заедница во текот на нејзиниот живот“.

Ана е родена на 4. септември 1939 година во Буково, Македонија. По завршувањето на Втората светска војна и промените на имиграциските политики на САД, Ана и нејзината мајка емигрирале во Америка во 1951 година.

XS
SM
MD
LG