Линкови за пристапност

УСАИД и Општините со проект за подобро планирање на Буџетите и трошење на средствата


Уште дваесет и четири општини се прикллучија на проектот на УСАИД со кој треба да се подобри финансиското работење на локалната самоуправа, да се намалат долговите и подобро да се планираат приходите и расходите. Вкупно 40 општини во државата учествуваат во проектот. Експертите сметаат дека општините немаат доволно стручен кадар и тоа влијае на финансиската недисциплина односно поголеми расходи од приходи и лоша наплата на данок

СКОПЈЕ – Четириесет општини учествуваат во проектот на УСАИД кој треба да ги зајакне и подобри капацитетите во локалната самопуправа за искористување на ресурсите а со тоа и да го подобри финансиското работење, менаџирање и пружање на услуги кон граѓаните. Денеска дваесет и четири градоначалници ставија потпис на документот со кој се приклучуваат на проектот.

Од УСАИД очекуваат дека со овој проект ќе се подобри процесот на планирање на буџетот но и Владините капитални трансфери преку подобра координација меѓу локалната и централаната власт. Со поголема поддрша од донаторската заедница ќе се подобри животниот стандард и услугите конграѓаните.

Гинка Капитанова, директорка на Проектот на УСАИД
Гинка Капитанова, директорка на Проектот на УСАИД

„Нашиот проект ги поддржува општините во Северна Македонија, во нинвите напори за подобрување на наплатата на локалните даноци и надоместоци, за полесен пристап до надворешно финансирање и за подобро планирање и извршување на нивните буџети. Ова е одраз на мотивацијата за обезбедување на подобри услуги за граѓаните за што е потребно да имаат на располагање достапни финансиски средства и ресурси, а граѓаните можат да дадат свој придонес со плаќање на даноците и со вршење на надзор како тие даноци се трошат на локално ниво “, изјави Гинка Капитанова, директорка на Проектот на УСАИД.

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз истакна дека Владата како стратешки партнер на САД продолжува во поддршката на напорите на земјата кон градење на поуспешна и стабилна демократија која е цврсто интегрирана во Европа и евроатлантските институции.

„Заеднички работиме на унапредување на процесот на децентрализација, доброто управување, владеење на правото и реформите за спречување на корупцијата што се неопходни за исполнување на постигнување на споменатата интеграција и подобар животен стандард на граѓаните на Северна Македонија. Клучен аспект на реформскиот процес е создавање на ефикасни и ефективни владини институции и на локално и на национално ниво. Ова вклучува зголемување на капацитетите на локално ниво за прибирање и самостојно управување со ресурсите со цел обезбедување на подобри услуги за граѓаните“, рече Брнз.

Реформата се состои од три главни столба и подразбира: зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи; зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност.

„Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет како основа на оваа реформа ја преточивме во закон кој во моментов е во собраниска процедура. Предлог законот предвидува повеќе средства за општините. Имено, општините сега, согласно закон, добиваат 2,8 милијарди денари преку дотација од ДДВ и преку данокот на личен доход, а со новите предлог законски измени се предвидува овие средства постепено да се искачат на 5,2 милијарди денари во 2024 година“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Општините немаат капацитет бидејќиу немаат доволно и квалитетен кадар што директно влијае на лошо буџетирање, фискална недисциплина и поголеми долгови, смета професорот Треновски. Буџетска помош за подмирување на долговите на Општините, како што беше случајот минатата година, може да има но само откако ќе се утврди зошто и како настанале долговите.

„ Во дел од општините имаме корупција, во дел имаме неефикасност, во други имаме правни процедури, во трети имаме криминал и додека не видиме која е основата не треба да им се подмири долгот. Треба да видиме на кои општини треба да им се помогне, кои општини треба да се санкционираат и на кој начин треба да се направи тоа. Со ан блок покривањето на сите општини што се случи претходно видовме дека дел од општините повторно ги зголемија своите обврски“, изјави Треновски

Ревизијата на финансикото работење е голем проблем според Треновски. Внатрешната ревизија во општините е девастиарана и половината општини во државата немаат внатрешни ревизори а тие даваат сигнал каде се погрешни процесите во општините, а има општини кои досега никогаш не биле предмет на ревизија.

XS
SM
MD
LG