Линкови за пристапност

Извршниот директор на Тесла Илон Маск презема девет отсто од акциите на Твитер


Извршниот директор на Тесла Илон Маск, презеде 9,2 отсто од акциите на Твитер, купувајќи приближно 73,5 милиони акции.

Уделот на Маск во Твитер се смета за пасивна инвестиција, што значи дека Маск е долгорочен инвеститор кој сака да го минимизира купувањето и продавањето на акциите.

Сепак, во последните неколку недели Маск покрена прашања за слободата на говорот на Твитер и доколку не се придржува до неговите основни принципи ја поткопува демократијата.

Тој, исто така, размислувал за основање ривалска мрежа на социјални медиуми, додека аналитичарите се скептични околу тоа дали главниот извршен директор ќе остане настрана од сето тоа.

Акциите на Твитер во понеделникот се зголемија за 25 отсто.

Откритието на Маск за неговиот удел во акциите на Твитер доаѓа два дена откако Тесла ги објави бројките за испорака од 310.000 возила, број кој беше малку под очекувањата.

XS
SM
MD
LG