ВАШИНГТОН (АП) – Претседателот Бајден денес ќе најави нови мерки кои имаат за цел да ја направат федералната влада поинклузивна за трансродовите лица, вклучително и нов маркер „Х“ во американските пасоши почнувајќи од 11-ти април и нови скенери на Управата за безбедност кои се родово неутрални.
Администрацијата на демократскиот претседател работи на проширување на достапноста на родовиот маркер „Х“ до авиокомпаниите и федералните програми за патување и ќе им олесни на трансродовите лица да ги менуваат податоците за нивниот пол во евиденцијата на Управата за социјално осигурување.
Посетителите на Белата куќа наскоро, исто така, ќе можат да изберат опција за означување на полот „Х“ во системот за влез на работници и посетители, кој се користи за спроведување на проверки.
„Трансродовите Американци продолжуваат да се соочуваат со дискриминација, вознемирување и бариери за можности“, напиша Бајден по повод нивниот ден. „Во изминатата година, стотици нацрт-закони против трансродовите лица беа предложени низ неколку држави во Америка, повеќето од нив насочени кон трансродовите деца. Нападот продолжи оваа година. Овие закони се погрешни“, рече Бајден.
Бајден, исто така, денес планира да објави видео порака до трансродовите Американци.
Во Флорида, секретарот за образование Мигел Кардона ќе се сретне со ЛГБТ+ ученици во пресрет на новиот закон на Флорида кој забранува настава за сексуална ориентација и родов идентитет во градинки и настава до трето одделение.
Републиканците тврдат дека родителите треба да разговараат за овие теми со децата.
Демократите, пак, велат дека законот ги демонизира ЛГБТ луѓето со тоа што ги исклучува од часовите во училницата.
Белата куќа, ќе биде и првата институција што ќе вее знаме на транс гордоста.