Линкови за пристапност

На оскарите се доделуваа награди а, некои заработија и шамари


Филмот „Кода“, каде што глумат неколку лица со оштетен слух, е филмот на годината на годинашното доделување на „Оскарите“. Ова дојде по еден од најшокантните моменти во историјата на Оскарите: Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит. Моментот ја шокираше публиката во Долби театарот како и гледачите пред малите екрани. Расплаканиот Смит се врати на сцената подоцна во шоуто за да го земе оскарот за најдобар актер, инаку негов прв освоен оскар. Говорот на Смит се состоеше помеѓу одбрана и извинување.

Победниците на Оскарите:

Најдобар филм: "Кода".

Најдобар актер: Вил Смит, "Кралот Ричард".

Најдобра актерка: Џесика Честејн, "Очите на Теми Феј".

Документарен филм: "Лето на душата".

Најдобра филмска песна: "Не е време за умирање" во изведба на Били Ајлиш во филмот на Џејмс Бонд 007.

Најдобра режија: Џејн Кемпион, "Моќта на кучето".

Најдобра споредна машка улога: Трој Котсур, "Кода".

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: "Вози го мојот автомобил," Јапонија.

Најдобар костум: "Круела"

Најдобро оригинално сценарио: "Белфаст".

Најдобро адаптирано сценарио: "Кода".

Најдобра споредна женска улога: Аријана Дебоуз "Приказната од Западната Страна".

Најдобра кинематографија: "Дина".

Најдобри визуелни ефекти: "Дина".

Најдобар анимиран филм: "Енканто".

Најдобар звук: "Дина".

Научнофантастичната сага „Дина“, од американската Академија за филмска наука и уметности доби најмногу – шест „Оскари“ од можни 10 номинации, меѓу кои и наградите за монтажа, визуелни и звучни ефекти.

XS
SM
MD
LG