Линкови за пристапност

Боинг можеби нема да добие сертификат за 737 MAX 10 до крајот на годината


ВАШИНГТОН, (Ројтерс) - Американската Федерална управа за авијација (ФАА) претходно оваа недела ја предупреди компанијата Боинг дека производителот на авиони не може да добие сертификат за продолжената верзија на 737 MAX пред клучниот безбедносен рок поставен од Конгресот, изјави извор за Ројтерс.

Јан Вон, вршител на должноста менаџер на канцеларијата за воздухопловна безбедност на ФАА која го надгледува Боинг, побарал од американскиот производител на авиони во писмо од 21-ви март да обезбеди „зрел распоред за сертификација“, според извор запознаен со писмото. Вон, исто така, бараше ажурирања за напредокот и за авионот на Боинг модел 737 MAX 10 како и 777-9.

И двата дизајни на авиони се во развој. Потребна е сертификација пред да можат да влезат во употреба.

„Во однос на тековната зрелост на програмата за Боинг моделот 737-10, ФАА е загрижена дека ќе биде значително оспорено да ја исполни директивата“ на Конгресот во 2020-та година, напиша Вон, а рече изворот.

Писмото на Вон се однесуваше на законот од 2020-та година познат како Закон за сертификација, безбедност и одговорност на авионите, кој го реформираше начинот на кој ФАА ги потврдува новите авиони.

Само Конгресот може да го продолжи рокот доколку ФАА не го потврди 737 MAX 10 пред крајот на годината.

Боинг е загрижен поради потенцијалното влијание врз работните места и производството доколку авионот не биде одобрен, објави Ројтерс минатата недела.

737 MAX 10 е подолг од претходните авиони со тесен труп 737 MAX. Авионот 777-9, со широк труп, е почетната верзија на ажурираниот дизајн 777 познат како 777X.

Во мај 2021-ва година, ФАА му кажа на Боинг дека, реално, нема да го потврди 777X до средината до крајот на 2023-та година.

„Боинг“ во четвртокот соопшти дека продолжува „транспарентно да работи со ФАА за да ги обезбеди информациите што им се потребни и да остане посветен на исполнувањето на нивните очекувања, вклучително и во врска со сертификацијата на 777-9 како и 737 MAX -10“.

Известувањето е на Дејвид Шепардсон; уредување од Бредли Перет

XS
SM
MD
LG