Линкови за пристапност

Бајден од Полска рече дека САД ќе и обезбедат на Европа 15 милијарди кубни метри течен природен гас


Американскиот претседател Џо Бајден е во посета на Полска како поддршка на сојузничките одговори на хуманитарните кризи и човековите права предизвикани од руската инвазија во Украина, додека сојузниците преземаат нови дејствија за да го одвратат рускиот претседател Владимир Путин.

Полска, како сојузник на НАТО, прими милиони украински бегалци.

Бајден се сретна со американските војници стационирани во Јасионка во близина на границата на Полска со Украина додека го чекаа пристигнувањето на полскиот претседател Анджеј Дуда.

Дуда доцнеше поради неговиот авион откако се појавил механички проблем по пат, принудувајќи го да се врати во главниот град на Полска, Варшава. Официјални лица рекоа дека Дуда никогаш не бил во никаква опасност, а полскиот лидер на крајот пристигнал во источниот град Жешов за да се сретне со Бајден.

Пристигнувањето на Бајден во Полска дојде неколку часа по состанокот во Брисел со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по што тие најавија формирање на заедничка работна група за намалување на зависноста на Европа од руските фосилни горива.

Бајден рече дека Путин го искористил профитот од продажбата на енергија на Русија „во својата воена машина“ против Украина. Бајден рече дека сака „да стави до знаење дека американскиот народ нема да биде дел од субвенционирањето на бруталната, неоправдана војна на Путин против народот на Украина“.

Соединетите Американски Држави ќе и обезбедат на Европа 15 милијарди кубни метри течен природен гас оваа година.

Бајден, исто така, денес во Жешов се состана со членовите на 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија, која поддржува илјадници други војници на НАТО во земјите од источното крило, вклучувајќи ги Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Бугарија и Романија.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG