Линкови за пристапност

Силно торнадо го погоди Њу Орлеанс, најмалку една жртва


Торнадо во Њу Орлеанс
Торнадо во Њу Орлеанс

Силно торнадо ја зафати Луизијана во вторникот вечерта, предизвикувајќи големи штети во делови од историскиот град Њу Орлеанс.

Видеото снимено од локална телевизиска станица покажа голем темен облак како лебди над делови од источен Њу Орлеанс. Невремето ги откорна покривите од неколку оштетени или уништени домови и ја прекина струјата во историското соседство во градот пред да се пренасочи на исток преку реката Мисисипи и да предизвика сличен хаос во предградието Араби во соседниот округ Сент Бернард, каде што властите велат дека еден едно лице загина, а неколку други се повредени.

Властите во Њу Орлеанс и Сент Бернард им рекоа на новинарите дека примиле итни повици од луѓе заглавени во нивните домови.

Двете заедници беа уништени кога ураганот Катрина го погоди Њу Орлеанс и околните области во 2005 година.

Многу населби беа поплавени кога не успеа системот на насипи во градот, принудувајќи илјадници луѓе да го евакуираат регионот. Торнадото предизвика големи штети и во градот Гретна, кој се наоѓа на само осум километри јужно од Њу Орлеанс преку реката Мисисипи.

Торнадото е дел од силно невреме кое еден ден претходно погоди делови од соседните југозападни држави Оклахома и Тексас.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, објави вонредна состојба во 16 окрузи кои беа тешко погодени од невремето.

Системот на бура остави повеќе од 54.000 луѓе без струја низ Тексас, Луизијана и соседниот Мисисипи, според веб-страницата poweroutage.us, која собира податоци од комуналните претпријатија низ САД.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG