Линкови за пристапност

Јапонија ги санира штетите од земјотресот со јачина од 7,4 степени


Продавница по земјотресот
Продавница по земјотресот

Граѓаните во североисточна Јапонија ги чистеа и испитуваа штетите во четвртокот, откако силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени предизвика излетување на брз воз од шините, отвори пукнатини на автопатите и првично ја прекина струјата за над два милиони домови, објави Франс Прес.

ФП пренесе најмалку жртва била директно предизвикана од земјотресот во текот на ноќта, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, но билансот сè уште се финализира откако беше откриено дека веројатно двата загубени животи не се поврзани со земјотресот.

Мацуно рече дека 161 лице се повредени по земјотресот кај брегот на Фукушима - регион кој сè уште е загрозен од земјотресот и Цунамито во 2011 година што доведоа до нуклеарна катастрофа.

Предупредувањето за цунами со бранови до еден метар во делови од североисточна Јапонија беше укинато во раните утрински часови во четвртокот, откако властите забележаа нивоа на водата до 30 сантиметри повисоко од вообичаеното, во некои области.

Повеќекратни помали потреси продолжија да се чувствуваат во регионот, предизвикувајќи загриженост само неколку дена откако Јапонија ја одбележа 11-годишнината од силниот земјотрес, цунамито и нуклеарна катастрофа во областа.

Штетата се чинеше релативно мала, во земја со строги градежни правила наменети за заштита од уништување од чести земјотреси, а официјалните лица рекоа дека нема абнормалности во нуклеарните централи.

XS
SM
MD
LG